Црн ден за македонскиот ракомет. По трагичната вест за смртта на 19-годишниот ракометар Андреј Петрески од РК Аеродром, стигна уште една жална вест за смртта на Горан Станковиќ, поранешен ракометар и ракометен работник. Тој почина на 50-годишна возраст.
Долги години беше дел од Јуниор Кисела Вода, а претходно ги најавуваше натпреварите на Металург во Автокоманда и во СЦ „Борис Трајковски“.
Неговите легендарни коментари особено во натпреварите во ЛШ, кога им даваше дополнителна мотивација на многу ракометари, како и на навивачите на трибините.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

