Промените во Манчестер Сити со заминување на фудбалери кои ја одбележаа последната деценија нема да запре само со Кевин де Брујне. Пред излезните врати на „Етихад“ се наоѓа и Бернардо Силва.
Португалецот беше пред заминување и минатото лето, постоеше голема желба да се пресели во Барселона, но финансиските проблеми на каталонците го спречија трансферот.
Во меѓувреме раководството на Барселона ги стабилизираше финансиите, па се е подготвено за негов трансфер на „Камп Ноу“ и тоа за значително помала сума отколку минатото лето.
Силва е дел од Манчестер Сити од 2017 година настапувајќи на повеќе од 260 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА