Уште еднаш, и никогаш повеќе: „Последниот танц“ на Федерер за кој на миг ќе „запре“ светот

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер денес ќе стави точка на професионалната кариера откако ќе настапи на егзибицискиот Лејвер куп во Лондон, турнир каде ќе го одигра последниот меч во двојки со својот голем ривал Рафаел Надал.

Швајцарецот и Шпанецот ќе го претставуваат европскиот тим во натпреварот против Светскиот тим, за кој во двојки ќе настапат Американците Џек Сок и Френсис Тиафо, а дуел закажан за 21.30 часот.

„Не сакав целиот турнир да ми биде посветен на мене, ниту пак да се појавувам премногу. Затоа го прашав тренерот Бјерн Борг дали можам да играм само двојки во петок навечер. Апсолутен сон е да го одиграм последниот меч во кариерата со Рафа“, изјави Федерер.

Роџер Федерер својата тениска кариера ја завршува со 20 Грен слем трофеи, еден повеќе од Новак Ѓоковиќ и два повеќе од Рафаел Надал. Швајцарецот во кариерата освои 103 титули, а во „опен ерата“ на тенисот поуспешен беше само Американецот Џими Конорс со 109 трофеи во сингл.

Се вчитува...