Вардар по добивањето на финансиска стабилност се засилува со нови фудбалери, но исто така „црвено-црните“ го засилуваат и стручниот штаб на чие чело остана Горазд Михајлов.
Откако беше објавено дека на стручниот штаб на Вардар му се приклучува Филип Маџовски, од денеска асистент на Михајлов е и Влатко Колев.
„Добро познато име во македонскиот фудбал. Човек кој својата играчка кариера ја започнал токму во Вардар, настапувал и во Македонија Ѓ.П. а со екипата на Силекс ја има освоено и двојната круна. Во однос на функцијата – тренер, Колев има забележано низа на успеси, како што е освојувањето на двојната круна со младинската екипа на Металург во сезоната 2014/15, а исто така во два наврати бил прогласен за младински тренер на годината. Член на нашата Академија уште од 2005 год. Добредојде во црвено-црното семејство Влатко“, објави ФК Вардар.
„Црвено-црните“ се наоѓаат во Словенија како дел од подготовките за наредната сезона, а веќе договорија и пријателски средби против екипите на Динамо Загреб и на Свонси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА