И третото осминафинале на ЕВРО 2024 по онаа во последно време познатата изрека – како и до сега. Без голови во Дизелдорф помеѓу Англија и Швајцарија, во меч во кој има премногу тактика, премногу внимателна игра, и секако, судиска грешка, што стана „декор“ на ова ЕВРО и покрај ВАР, камери и други чуда.
Англија најдобрата шанса ја имаше во финишот кога блокираше Џака, додека Швајцарија немаше ниту една добра шанса. Двете селекции официјално немаат ниту еден удар во рамките на голот. Нешто подобри се Англичланите, но без конкретност.
Вреди да се напомене дека Даниеле Орсато не досуди чист слободен удар за Англија на 20 метри по игра со рака. Снимката покажа дека има чиста игра со рака, и за изненадување е како италијанскиот судија не го виде овој момент.
Останува уште едно полувреме за поправање на впечатокот, но ако продолжат вака, и на третиот меч ќе има продолженија, па можеби и пенали.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА