Најдобриот македонски фудбалер Елиф Елмас е избран во тимот на колото во Серија А.
По извонредната своја партија во победата од 2-0 против Торино, во која учествуваше и со погодок, македонскиот „дијамант“ сосема очекувано се најде меѓу најдобрите 11 на колото во италијанскиот шампионат.
Ова е само уште едно признание и потврда за извонредна форма во која игра Елмас сезонава во дресот на Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

