Манчестер Јунајтед не запира со засилувањата за новата сезона. По последниот ангажман на Бенџамин Шешко, славниот англиски клуб подготвува уште една трансфер бомба за која ќе издвои 120 милиони евра.
Станува збор за Карлос Балеба, 21-годишниот поливантен камерунски фудбалер од средниот ред кој покажа класа настапувајќи за Брајтон.
Балеба не беше дел од составот на својот тим во последниот натпревар против Волфсбург што наговестува дека преговорите со Манчестер Јунајтед се во напредна фаза и реализацијата на трансферот се очекува пред почетокот на сезоната во Премиерлигата.
Балеба пристигна во Брајтон пред две години во трансфер вреден 27 милиони евра од Лил па клубот кој е добро познат по атрактивните трансфери и овој пат добро ќе заработи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

