„Егзодусот“ од Вардар продолжува, откако денеска Силекс објави дека потпишала соработка со Никола Ристески. Трансферите од Вардар само ја потврдуваат најавата за најлошото сценарио на „црвено-црните“.
Ристески во минатото беше дел од Ренова, Работнички, Борец, Кит-Го и Еуромилк. Потекнува од младинската школа на Вардар, и игра на позицијата десен бек.
26-годишниот Ристески е четвртото засилување за „четата“ на Горазд Михајлов. Претходно тимот од Кратово се засили со Халил Мухаремовиќ, Марко Ѓорѓиевски и Хамза Рамани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА