Македонија се закити со уште еден златен медал на Специјалната олимпијада која се одржува во Абу Даби. Пливачот Марио Мицковски беше најдобар во дисциплината 25 метри грбно и се закити со ново злато. Претходно, како што е познато, златни медали освоија Марио Мицковски и Стефан Трпковски во пливачките трки на 50 метри во слободен стил.
Со бронзен медал се закитија и македонските кошаркари, предводени од тренерите Ана Котевска, Раша Петровиќ и Дејан Дојчиновски, откако во натпреварот за третото место славеа против Буркина фасо со 24-18.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА