Поранешниот сениорски и младински репрезентативец Мевљан Мурати, е нов член на Гостивар, објави клубот. После Дарко Глишиќ, гостиварци се засилија и со уште едно звучно име.
Мурати доаѓа од Работнички, а во минатото играше за Шкендија, каде што остави најдлабока трага, освојувајќи три титули со овој тим и еден Куп трофеј. Покрај Шкендија, беше дел и од Ренова и од Шкупи, а има и интернационално искуство играјќи во Партизани Тирана.
Мурати беше дел од онаа генерација која настапи на младинското Европско првенство на Македонија. За сениорскиот национален тим има еден настап.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА