Уште малку билети останаа: Поддршка за Македонија и за жртвите од трагедијата во Кочани

Останаа уште само 7-8 илјади билети за натпреварот на Македонија против Велс во вторник. Како што е познато, целиот приход ќе оди за настраданите во трагедијата во Кочани која се случи на 16. март.

Досега се продадени околу 18.000 влезници за овој меч. Се очекуваа полни трибини да дадат поддршка за Македонија, и за жртвите во трагедијата во Кочани. Во вторник на источната трибина ќе бидат сместени само неколку стотици велшки навивачи.

Се очекуваат преку 20.000 фанови да бидат на Националната Арена.

Се вчитува...