Уште не ја прослави и титулата како треба, а веќе пронајдоа наследник за Чави!?

Барселона на четири кола пред крајот ја осигура шампионската титула во Шпанија, што е најголем тренерски успех за Чави, кој претодно како играч со Каталонците освојуваше се и сешто.

Под водство на 43-годишниот Чави сега Барселона, по четири години, го врати тронот во Шпанија. Но, место благодарност, во медиумите се шпекулира дека Барселона со сигурност ќе именува нов тренер за новата сезона.

Челниците на Барселона, наводно, биле воодушевени од работата на Михел Ангел Санчез Муњоз, тренерот на Џирона кој има одличен ефект со својот тим сезонава. Каталонски „Спорт“ наведува дека 47-годишниот мадриѓанец е кандидат за иден тренер на Барселона.

Се вчитува...