Се очекува во следните часови Луис Енрике да го презеде кормилото на ПСЖ. Со тоа парижаните почнуваат да прават силен тим за освојување на ЛШ идната сезона.
Шпанецот уште не седнат на „жешкото столче“, веќе го одбрал првото засилување кое сака да го види во своите редови. Помалку изненадувачки, но Енрике посакува во ПСЖ да го има Жоао Феликс.
Феликс минатата сезона ја мина на позајмица во Челси, но не се наигра и немаше добри бројки. Не може да се пофали со добри настапи и во претходниот клуб, Атлетико Мадрид, иако беше скапо платен од страна на „јорганџиите“.
Деновиве треба да се реши и судбината на Килијан Мбапе, па Енрике да има појасна слика за составот. Веќе тимот го напуштија Лионел Меси и Серхио Рамос, а се очекува и други фудбалери да тргнат по нивните патеки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА