На нешто повеќе од еден месец пред стартот на Европското првенство, согласно традицијата, пехарот на УЕФА наменет за европскиот шампион се сели по неколку денови во градовите домаќини на ЕВРО 2020 како дел од промоцијата на шампионатот.
Па, моментално трофејот на Европското првенство е во Букурешт каде своите натпревари, против Австрија и против Украина, ќе ги игра и Македонија.
Но, трофејот имаше неславна епизода на националната арена во Букурешт. Неверојатна ситуација се случи при јавување на новинарка во живо. Силниот ветар на арената успеа да го сруши банерот на ЕВРО 2020 кој се наоѓаше зад пехарот, па беше срушен и трофејот на УЕФА.
За среќа, како што веднаш потоа информираа Романците, трофејот не е посериозно оштетен. Иако, сето тоа наиде на потсмев од фудбалските фанови ширум Европа.
The Euro 2020 trophy fell to the ground during a live broadcast in Bucharest. ?? [@Emishor] #EURO2020
— RouteOneFootball (@Route1futbol) April 25, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА