Со два порази, на крајно непосакуван начин, тетовска Шкендија ја заврши својата авантура на европската сцена ова лето.
„Црвено-црните“ го завршија настапот во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА уште во првото коло откако по поразот минатата недела на гостувањето во Ерменија од 2-0, загубија вечерва и на домашен терен од Ноа, овојпат со 1-2.
Далеку поголеми беа амбициите на Шкендија ова лето, но се потфрли на терен што резултираше со кратка европска одисеја која заврши уште ниту вистински почната…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА