Хрватската ракометна репрезентација по вчерашниот пораз од Данска, остана без шанси за пласман во полуфиналето, но во некоја луда комбинација можат Хрватите да бидат на крајт третопласирани, и да се борат за 5-6 место на турнирот.
Хрватите за такво нешто во понеделник треба да го совладаат Исланд, и тоа со голема разлика, за случај правење на табела со репрезентации кои имаат ист број на бодови, но тоа ќе зависи и од другите резултати.
А, тоа нема да биде нималку лесно со оглед дека Исланд игра добро, и покрај големите проблеми со составот.
Најголема закана за хрватскиот гол е Виго Кристјансон. И тоа не е ништо чудно, ако се има во предвид дека овој ракометар беше најдобар во победата над Франција, но чудно е тоа што овој ракометар бил поранешен фудбалер, и тоа поранешен репрезентативец. Овој играч кој има 28 години, настапувал за слекециите до 18 и до 19 години на Исланд во фудбал, играл дури и во квалификациите за Лигата на Европа во 2013 година. На крајот, конечно одбрал ракомет а во 2016 година играше за дански Рандерс, потоа и за Вест Виена, а настапувал и за Вецлар, Штутгарт, и сега за Лајпциг.
Одиграл дури 66 официјални натпревари во фудбал, а сега е ракометар…
Ова е уште една неверојатна приказна на ЕП во ракомет, после онаа со холандскиот голман Тијс ван Леувен кој добил повик за репрезентација додека бил на работа. Поканата стигнала во петокот, а тој во саботата беше играч на мечот со Црна Гора.
It’s time for a reminder of the insane career of Viggo Kristjansson. 9 goals in 35 minutes tonight against the Olympics champions!#handball #ehfeuro2022 https://t.co/F27vvkCX1w
— Rasmus Boysen (@RasmusBoysen92) January 22, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА