Табелата во ПРемиерлигата и резултатите не се единствен проблем за Манчестер Јунајтед оваа сезона. Пред неколку дена на „Олд Трафорд“ се појави снимка од која се гледа како прокапува, па тренерот Рубен Аморим не можеше да одржи прес конференција.
Во неделата се појавија информации дека на стадионот биле забележани глувци. Наводно хигиеничарите биле шокирани од она што го виделе.
Клубот брзо реагираше и веднаш се огласи со соопштение.
„Клубот работи со силен систем за контрола на глодарите на стадионот. Се спроведуваат силни проверки во сите објекти и се преземаат сите мерки да се обезбеди чистота и хигиена, и ако се забележи мал инцидент, веднаш се преземаат мерки“, соопштија од Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА