Тренерот на Реал Мадрид, Чус Матео, беше среќен и горд на својот тим кој успеа да обезбеди пласман во плеј-офот од Евролигата.
Реал во Мадрид го совлада Баерн со 9371 во плеј-инот и со тоа си закажа плејоф серија против Олимпијакос.
„Многу сум среќен. Беше исклучително тешко да се постигне оваа цел. Сега сме меѓу осумте најдобри тимови во Европа. Тоа беше нашата цел од почетокот на сезоната. Не ми е гајле кој е нашиот противник. Знам дека тоа е Олимпијакос, кој е многу добар тим, можеби дури и најдобар затоа што завршија како првопласирани. Но, сега чувствуваме дека товарот што го носиме најмалку што ни требаше цела година го симнавме. Ни остануваат уште пет победи за повторно да станеме шампиони“, изјави Матео.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА