Уште само еден кошаркар во НБА лигата го носи бројот „6“

Кога Бил Расел почина во јули 2022 година, НБА одлучи да го повлече дресот со број 6, што значеше дека од тој момент, ниту еден кошаркар не може да го носи тој број.

Тоа беше прв пат во историјата на лигата да повлечат број, а до неодамна постоеше тивко правило дека никој не може да го носи бројот 69, што воопшто не е иста ситуација.

Легендарниот Бил Расел беше шампион на НБА 11 пати и ги освои сите титули во дресот на Бостон Селтикс, а исто така беше и МВП пет пати.

Поради ова, челниците на лигата одлучија да ја повлечат неговата „шестка“, па Џејлин Вилијамс од Оклахома сити остана единствениот активен играч кој одлучи да го носи овој број на својот дрес пред забраната.

Со оглед на тоа што Деандре Џордан се ближи кон крајот на својата кариера, останува само играчот на Оклахома и актуелниот шампион на НБА со бројот „6“ на својот грб.

Се вчитува...