На 6. и 7. јули покрај Билјанините извори во Охрид, Македонска триатлон федерација и локалниот организатор “Спорт за сите, сите за спорт” ќе ги организира ЕТУ Триатлонскиот европски јуниорски куп и Отвореното национално првенство 2019. Настанот е под покровителство на Општина Охрид, Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет, помогнат од Сојуз на спортови на МК како и МВР на РСМ.
„Втора година по ред Охрид ќе биде домаќин на голем триатлонски настан. Одличното искуство од ланското ЕТУ Балканско првенство што го реализиравме на истата локација, не мотовира и годинава да направиме уште еден натпревар со кој триатлонската зедница во нашата земја ќе се гордее. Стартот и целта на натпреварите ќе биде на Buffalo Beach, во Билјанини извори. Сите заинтересирани триатлонци и спортски ентузијасти можат да се пријават најдоцна до 1. јули, на https://www.smartrace.club“ – порачува Иван Михајловски, Претседател на Македонска триатлон федерација.
Пријавувањето за Јуниорскиот европски куп во машка и женска конкуренција се реализира преку националните федерации. Трката наменета за јуниори, родени помеѓу 2000 и 2003 година ќе се состои од: 750м пливање, 20км велосипед и 5км трчање.
На Отвореното национално триатлон првенство, натпреварувачите ќе бидат поделени во категории според возраст:
*Сениори (1999 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање
*Рекреативци (2003 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање
- 1.категорија – родени 2003-1990г.(29-годинии и помлади)
- 2.категорија – родени 1989-1980г.(30-39 години)
- 3.категорија – родени 1979-1970г.(40-49 години)
- 4.категорија – родени 1969г. (50+ години)
*Кадети (2004-2006): 375м пливање, 10км велосипед, 2,5км трчање
*Деца 2 (2007-2010): 175м пливање, 4км велосипед, 1км трчање
*Деца 1 (2011 и помали): 75м пливање, 2км велосипед, 0.5км трчање
Целосната програма на двата натпревари е:
Сабота, 6.јули:
- 10:00-14:00 – Регистрација и подигнување на стартни пакети, Хотел UNIQUE Resort & Spa
- 13:00 – Запознавање со велосипедската патека
- 14:00 – Запознавање со пливачката патека
- 16:00-20:00 – Регистрација и подигнување на стартни пакети, Хотел UNIQUE Resort & Spa
- 17:00-17:45 – Брифинг за кадетската и детските трки
- 17:45-18:30 – Брифинг за јуниорската трка од ETU Triathlon Junior European cup конкуренција
- 18:30 -19:15- Брифинг за сениорската и трката за рекреативци
Недела, 7.јули:
- 08:00 – Старт : Сениори и Рекреативци
- 10:30 – Старт : Детски трки
- 11:45 – Старт : Кадети
- 14:00 ETU TRIATHLON JUNIOR EUROPEAN CUP – женска конкренција
- 17:00 ETU TRIATHLON JUNIOR EUROPEAN CUP – машка конкренција
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА