Усик „дрма“ и со 38 години: „На запирам, ова е почеток… Следен е Тајсон Фјури“

Олександр Усик изминавата ноќ на „Вембли“ во Лондон со нокаут во петтата рунда и по вторпат стана апсолутен светски шампион во тешка категорија. Доминацијата на Олександр Усик во светот на боксот продолжи откако 38-годишниот Украинец повторно го победи Даниел Дубоа среде Лондон и стана апсолутен шампион во тешка категорија.

Иако спомена дека можеби ќе се пензионира бидејќи има 38 години, Усик веднаш по големата победа изјави дека ова е само почеток.

„38 е само почеток“, рече Усик, кој потоа кратко одговори на прашањето како е секогаш подобар во реваншот.

„О, немам поим“, беше краткиот коментар на Усик, притоа одговарајќи на прашањето за следните предизвици:

„Не знам. Сакам да се одморам. Навистина не знам. Сакам да си одам дома и да уживам во следните два или три месеци со моето семејство. Можеби Тајсон Фјури? Дерек Чисора или Ентони Џошуа? Можеби Џозеф Паркер? Не можам да кажам во моментов бидејќи само треба да се вратам дома и да се одморам.“

Се вчитува...