Усик: Фјури многу зборува, но јас сепак го почитувам

Александар Усик покрај неверојатните боксерски вештини покажа и достоинство. Украинецот, кој е најдобар тешкаш на денешницата, мирно одговори на повиците на Тајсон Фјури, дека судиите му ја дадоа победата во дуелот за титулата светски првак во три верзии.

Британецот истакна дека Украинецот добил божиќен подарок од судиите.

„Божиќен подарок? Во ред, благодарам. Тајсон зборува многу, но јас го почитувам многу. Фала му на Бога, не на Тајсон. Фала му на Бога, на моите тренери и на тимот јас победив“, изјави Усик. 

Усик веќе знае која ќе биде неговата следна борба. Тој ќе се бори против Даниел Дубоа, за титулата апсолутен светски шампион.

Се вчитува...