Тајсон Фјури и Олександр Усик, двајца најдобри боксерски тешкаши вна светот, би требало да се борат идната година во Саудиска Арабија. Според најавите, борбата треба да се одржи на 17. февруари, пренесува ЕСПН.
Победникот од овој меч би требало да ги обедини сите појаси во тешка категорија.
Тајсон Фјури го носи ВБЦ појас, единствен кој недостасува на Усик. Украинецот со победата против Ентони Џошуа ги освои останатите четири: ВБА, ИБО, ВБО и ИБФ.
Веќе некое време се шпекулира со оваа борба. Фјури и Усик требаше да се борат и оваа година, но борбата беше откажана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА