Олександр Усик го победи Тајсон Фјури со едногласна одлука по 12 рунди во долгоочекуваната пресметка меѓу двајцата најдобри боксери во тешка категорија на денешницата.
Доаѓањето во Саудиска Арабија беше финансиски профитабилно и за двајцата боксери. Вкупната сума што ќе биде поделена е 191 милион долари и тоа без дел од продажбата на правата за пренос на натпреварот. Вкупниот износ е 56 милиони долари повеќе од нивната прва борба, претходно оваа година.
Во првиот обид Усик зеде 70 отсто од парите, додека за реваншот претходно беше договорено ’пленот’ да биде поделен во сооднос 60:40. Усик така ќе има 114,6 милиони долари, а Фјури 76,4 милиони долари.
Заработката на Усик од овој меч е една од најголемите во историјата на боксот. Флојд Мејведер заработи 250 милиони долари во борбата против Мани Пакјао во 2015 година, додека против Конор Мекгрегор во 2017 година заработи рекордни 280 милиони долари.
Во поразот Пакајо заработи 150 милиони долари, а Мекгрегор 130 милиони долари, што е повеќе од Усик за вчерашната победа. Мејведер во кариерата имаше 50 натпревари на кои оствари стопроцентен учинок од 50 победи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА