Усик ја остава пушката и оди на подготовки за реванш против Џошуа

Украинскиот боксер и актуелен светски шампион во тешка категорија, Олександр Усик најверојатно ќе ја напушти одбраната на својата татковина за да се подготвува за реваншот против Ентони Џошуа, кој е закажан за јуни 2022 година.

Усик се врати во татковината по примерот на браќата Кличко, па по долги борби против руските војници ќе си замине од Украина за да се подготви за борбата против Британецот.

Украинецот го победи Џошуа на негов домашен терен, во Лондон, пред неколку месеци и ги обедини појасите во сите четири верзии ВБО, ИБФ, ВБА и ИБО.

 

 

 

Се вчитува...