Украинскиот боксер Александар Усик ги одбрани појасите на светски шампион во тешка категорија професионален бокс. Тој во саботата вечерта по 12 тензични рунди го победи Тајсон Фјури од Велика Британија по втор пат во 2024 година со едногласна одлука на судиите во Ријад и уште еднаш покажа дека е најдобриот тешкаш во својата генерација и еден од најдобрите боксери во светот.
Сите тројца арбитри гласаа идентично (116-112) за Усик, што значи дека процениле дека осум рунди во текот на борбата му припаднале на Украинецот, а четири на британскиот боксер.
По 24 рунди во рингот со Фјури, Усик има 23-0 како професионалец. Покрај трите „големи“ појаси, Усик е и линеарен шампион во тешка категорија, како и шампион на магазинот „Ринг“. Заедно со Наоја Инуе и Теренс Крафорд, тој несомнено е најуспешниот боксер на денешницата. Треба да се напомене дека Усик пред својата доминација во тешка категорија беше апсолутен шампион и во крузер категорија (до 90,7 кг), како и тоа што е 25 килограми полесен и 15 сантиметри понизок од својот ривал, кого вторпат го победи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА