Условите на Конте кон Тотенхем: Три години договор за 45 милиони евра, 3-4 топ трансфери во јануари

Познати се условите под кои Антонио Конте би работел во Тотенхем, на местото на Нуно Еспирито Санто.

Екс тренерот на Интер, Челзи и Јувентус бара од лондонскиот клуб договор на три години, и плата од 15 милиони евра годишно (45 милиони евра вкупно).

Претходно беше објавено дека Конте повеќе сака да го води Тотенхем, отколку Манчестер Јунајтед, од кого имаше интерес.

По 10 меча, Тотенхем е на 8. место во Премиерлигата.

Се вчитува...