На спектакуларна церемонија што се одржа вечерва во Катар, францускиот фудбалски ас Усман Дембеле беше крунисан со титулата Најдобар играч на годината во изборот на ФИФА за 2025 година.
Крилниот напаѓач на ПСЖ со тоа уште еднаш ја потврди својата доминација во фудбалот, три месеци откако ја освои „Златната топка“ за најдобра индивидуална сезона.
Доделувањето на наградите на ФИФА „Најдобрите“ се одржа во салата во Доха, каде што собраните фудбалски великани, тренери, селектори и претставници на светската фудбалска заедница го гледаа Дембеле како ја носи најпрестижната награда.
Францускиот напаѓач ја освои наградата за најдобар, во конкуренција со Ламин Јамал и Килијан Мбапе.
За 28-годишниот Французин, ова е потврда за извонредна година во која беше клучна фигура на Пари Сен Жермен, го водеше клубот до бројни успеси и оствари статистички извонредна сезона. Неколку месеци претходно, Дембеле ја освои и Златната топка, награда што ја доделува Франс Фудбал за најдобриот играч во светот.
Ousmane Dembélé 🤝 #TheBest pic.twitter.com/Rlotq3vWaE
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) December 16, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

