Усман Маронг го напушти Силекс и се пресели во Романија

Игрчот од средниот ред на Силекс, Усман Маронг не е повеќе дел од кратовскиот тим. Тој го напушти тимот од Кратово и потпиша за романска Конкордија. Играчот во декември минатата година ја продолжи верноста на уште една година, но после само шест месеци си замина од Силекс.

Маронг во минатото беше дел и од Воска Спорт, а играше и во Брера. во српскиот шампионат беше дел од Рандик Сурдулица, Графичар, а кратко беше играч на Црвена Звезда, но не запиша настап за овој тим.

Гамбиецот минатата сезона играше на 20 натпревари, и постигна четири гола, запишувајќи и седум асистенции. Го немаше на европсктие натпревари против Дечиќ.

Се вчитува...