Успех на Огнен Бундалески на Европскиот куп во Солун

Викендов во Солун се одржа Европски куп за мечувалци до 23 години. На него настапија и македонските репрезентативци Огнен Бундалески, Петар Србиноски, Матеј Тодоровски, Јован Величковски, Неда Коцевска и Дафина Блажевска. Вкупно настапија 89 меѓувалци и 52 мечувалки од 27 држави.

Македонските мечувалци и мечувалки ги продолжија успешните настапи на европската сцена. Сите ја минаа групната фаза и се пласираа во директните елиминации. Огнен Бундалески, Матеј Тодоровски и Неда Коцевска стартуваа со по 4 победи од 5 борби. Најголем успех постигна Огнен Бундалески со освојување на 11 место и тесен пораз од 14:15 во борбата за пласман меѓу 8.

Ова е до сега најдобар резултат на Европските купови на некој македонски мечувалец, истакна селекторот Билјана Кузмановска Николовска. Сите прикажаа одлично мечување. На патот кон Европското првенство во Февруари идната година, не очекува уште настап на Европскиот куп во Софија на кој ќе се потрудиме да освоиме додатни бодови со кои ќе обезбедиме подобри стартни позиции.

М.М.

Се вчитува...