Успех за историја: Клуб од Гибралтар ќе игра во групната фаза на европските натпреварувања

УЕФА ја формираше конференциската лига како шанса за клубовите од помалите земји да остварат посериозен успех, а веќе во првата сезона е испишана историја, откако клуб од Гибралтар успеа да обезбеди учество во групната фаза.

Линколн е првиот гибралтарски тим во историјата што успеал да стигне до групите од едно европско натпреварување откако оваа екипа по голема битка ја елиминираше Рига.

Првиот дуел меѓу двата тима во Летонија заврши 1-1, а идентичен беше и резултатот по 90 минути игра на денешниот реванш. Како пресудни се покажаа продолженијата, најпрвин Чиполина погоди за водство на Линколн од 2-1 во 105. минута, за Ронан да стави печат на историскиот успех со погодок во 121. минута, за конечни 3-1 за тимот од Гибралтар.

Се вчитува...