Во просториите на Агенцијата за млади и спорт (АМС) денеска беше организиран прием за освојувачите на првото место на Светскиот куп во пара хип-хоп групи во Киелце, Полска. На прием кај директорот Дарко Каевски беа младите танчари од танцовиот клуб ,,Денсерс јунајтед MK”: Оливер Блажевски, Ена Митревска, Моника Бисовска, Александар Матовски, Дарко Ефтимовски, Христијан Стојанов, Ана Беќарска.
Каевски им се заблагодари за големиот успех кој го направија за Македонија и потврди дека и во иднина АМС ќе се грижи, ќе ги помага и ќе ги поддржува нивните настапи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА