Успешен настап на едриличарите на „Акватика Јахтинг“ од Охрид и ЕК „Снегар“ од Струга на Интернационалниот „Шарлов Куп 2025“ кој изминатиов викенд се одржа во Смедерево, Србија.
Македонските едриличари освоија вкупно седум одликувања од кои три златни, една сребрена и три бронзени, во конкуренција на вкупно 47 едриличари во класите Оптимист, Илка 4 и Илка 6 од вкупно седум клубови од Србија и од Македонија.
Во класата Илка 4, трофејот на „Шарлов куп“ и златниот медал во конкуренција на 9 едриличари во оваа класа го освои Евгенија Ставрева од „Акватика Јахтинг“, а во класата Илка 6, пак, златниот медал и трофејот на купот го освои Софија Ставрева, исто така од „Акватика Јахтинг“.

Во класата Оптимист, Томе Златески од ЕК „Снегар“ освои бронзен медал во генерален пласман во машка конкуренција, а освои злато во конкуренција до 12 години. Со бронза до 12 години за закити и Горјан Негриески, исто така од ЕК „Снегар“.

Во класата Оптимист во женска конкуренција сребрен медал до 12 години освои и Сара Милеска, а бронзен медал Дарија Томаноска, и двете од ЕК „Снегар“ од Струга.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

