Успешен настап на младата генерација на КК Работнички за кошаркари до 15 години на првиот турнир од годинашното издание во Европската младинска кошаркарска лига кој се одржа во Истанбул, Турција.
Одличната работа на тренерот Нермин Пепиќ преку кој Работнички се издвојува со години наназад како еден од нашите најдобри клубови во младинските категории, овој пат со свое признание и во европски рамки.

Младите кошаркари одиграа квалитетен турнир славејќи против домашниот Памукспор убедливо со 99-79, во меч во кој одличен беше репрезентативецот Александар Сотир со 25 поени, осум скока и пет асистенции, а капитенот Стефан Илиев заврши со 21 поен. Тимот од Градски парк загуби од Ратгебер, на дуелот на кој Стефан Илиев беше извонреден со 31 поен, но останува македонскиот тим во игра за влез во финалето до крајот на сезоната.
Токму Александар Сотир е избран за МВП на првиот турнир од Европската младинска лига, а Стефан Илиев со своите издание си обезбеди место во идеалната петорка на турнирот.
Вториот турнир од Европската младинска лига се игра во јануари 2024 во Печ, Унгарија, по што најдобрите две екипи од двата турнири ќе играат во финалето на лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

