Ввеслачите од ВК „Горица Ремо“ од Охрид учествуваа на традиционалната трка во ергометри (веслачки машини) на „Струга Ерго Опен 2025“. Овој натпревар беше прв сериозен тест кој демонстрираше исклучителна физичка подготвеност и резултираше со голем успех за клубот, кој освои пет медали.
Александра Маленкоска освои злато во сениорска конкуренција, Изабела Димоска – сребрен медал во сениорки, Марија Божиноски во пионерки до 13 години освои сребрен медал, Ана Ничевска во пионерки до 15 години се закити со бронзен медал а Кирил Лучески во машка конкуренција со сребрен медал во сениори.
Андреј Крстески, имаше успешен настап во квалификациите, иако не освои медал, сепак покажа извонредна физичка подготовка, и добар показател за Државното првенство следниот месец.
„Овој натпревар, кој бара максимална сила, техника и издржливост на ергометрите за веслање, ја потврди посветеноста на охридските веслачи и дава импут за следиот предизвик во декември кога ќе се оддржи Државното првество во ергометри, со што ќе биде заокружена успешната година за нашиот клуб“ – информираат од Веслачкиот клуб Горица Ремо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

