Новак Ѓоковиќ одигра егзибициски натпревар пред Отвореното првенство на Австралија, чиј главен турнир започнува во недела, а најуспешниот тенисер во историјата го победи Американецот Франсис Тијафо со 6-3 и 6-4 на „Род Лејвер Арена“.
Ова е позитивен сигнал дека Ѓоковиќ може да се натпреварува, иако ждрепката пред него е далеку од лесна, особено по откажувањето на тренингот пред Австралија опен по само 12 минути.
Публиката уживаше во судирот помеѓу четвртиот и 31. играч во светот, а дуелот помеѓу Ѓоковиќ и Тијафо траеше 82 минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

