Младата репрезентација на Македонија до 21 година, убедливо со 4-0 ја совлада селекцијата на Малта, во пријателски меч одигран на Тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Ова беше втор одигран пријателски меч, откако претходно против Ерменија, Македонија одигра без победник 1:1.
Македонија во текот на целиот меч имаше доминација, и имаше уште неколку добри прилики да слави и поубедлива победа. Се функционираше попладнево во тимот предводен од Драган Канатларовски, па така за само шест минути во првиот дел Македонија дојде до водство од 0-2.
Најпрво Хамза Рамани во 10. минута донесе предност, а Димитар Тодоровски во 16. минута го зголеми резултатот.
Во вториот дел Стојчевски во 53. минута донесе 0-3 со прекрасен еврогол, а во 86. минута погоди и Абази за конечните 4-0.
Ова беа подготвителни натпревари за младата селекција за она што ги очекува во септември, а тоа е почеток на квалификациите за пласман на ЕП и дуелите со Шведска во гости и со Холандија дома.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА