Роберт Кубица направи уште еден значаен чекор напред кон враќање во Формула 1 откако полскиот возач во текот на вчерашниот ден имаше успешно тестирање на болидот на Вилијамс на патеката „Силверстон“.
Овие тестови беа од претходно најавени како дел од евалуацијата на способностите на Полјакот, за кој дополнително ќе биде донесена одлука дали да му биде дадена шанса како возач во 2018 година. Кубица важеше за еден од најдобрите возачи се до страшната несреќа пред шест години на рели трката во Андора.
„Роберт имаше успешен ден со тимот денеска на Силверстон, возејќи го нашиот болид FW36. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“ – кратко соопштија челниците на Вилијамс.
Актуелниот првак Нико Розберг, кој од неодамна се вклучи во менаџерскиот тим на Кубица, изјави дека нема никаков сомнеж дека полскиот возач е подготвен повторно да биде дел од „летечкиот циркус“, а на Вилијамс е да реши дали да го ангажира или тој да почне да разговара со останатите тимови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА