Успешно издание на Европскиот триатлон куп во Охрид

Германецот Мика Нот и Словенката Моника Бартол се лауретите на Европскиот триатлон куп за јуниори и јуниорки, кој изминатиов викенд се одржа во Охрид. Нот делницата од пливање (750 метри), возење велосипед (20 километри) и трчање (5 километри) ја мина за 56 минути и 49 секунди, додека на Бартол и беа потребни  1 час, 3 минути и 32 секунди.

 

 

Второпласиран во машка конкуренција беше Италијанецот Алесандро де Ангелис со време 58:37, а трет финишираше Матео Пери од Италија со време 59:21. Со сребрен медал кај девојките се закити Италијанката Асија Меркатели која заврши со време 1:05:43, а со бронзен Словенката Тјаса Вртачиќ  1:06:16.

 

Покрај Европскиот куп во триатлон за јуниори и јуниорки се одржаа националното првенство и трката за рекреативци кои исто така привлекуваат големо внимание. Охрид вторпат и домаќин на Европски триатлон куп.

 

 

Се вчитува...