Успешно лето за Ставре Јада, амбициозно влегува во новата сезона

Македонскиот нордиец и битлонец, олимпиецот Ставре Јада имаше исклучително успешно лето во кое имше забележителни резултати на летните натпревари со ролер ски каде на 10 трки имаше пет први места, а на останатите три исто така беше на подиумот и е севкупен победник на турнејата.

За две седмици ќе биде објавена најновата ФИС листа на која се очекува Јада да има 70 поени што би било најдобриот резултат во македонското нордиско скијање воопшто.

„Едноставно ги очекував првите места и победите, како и одличните фис поени кои ги носат овие летни трки. Очекував да бидам севкупен победник затоа што од 17. април до денеска не сум правел пауза во тренинзите. Постојано сум на тренинг, по четири, пет, некогаш дури и по шест часа дневно“ – вели Јада.

Тој за неколку дена ќе ги почне подготвките во Банско на кои како што најавува ќе биде повеќе насочен кон биатлонот. Првите натпревари ќе ги има кон крајот на ноември.

„Оваа година ја подобрив стрелбата и со тоа очекувам добри резултати во зимскиот период кој го започнувам на 27 ноември со првата трка во Норвешка. Подготвен сум да се соочам со конкуренцијата во напорните биатлон трки кои ме очекуваат“ – вели крушевчанецот.

Ставре Јада беше македонски претставник на Зимските олимписки игри во Пјонг Јанг во 2018 година. Негов тренер е селекторот на нордискиот тим, Ѓоко Динески.

 

 

Се вчитува...