Во организација на Општина Аеродром – Скопје и Здружението за иновации и подобар живот „Ареола“ успешно е завршен проектот „Заиграј со нас“ за оваа учебна година кој беше наменет за дечиња со атипичен развој.
„Работевме напорно и предадено во текот на целата учебна година и покрај сите потешкотии што ни ги наметна Ковид пандемијата со преку 60 дечиња, од кои најмногу беа со: аутизам, даунов синдром, целебрална парализа и дијабет. Сите деца забележаа индивидуален и групен развој. Во индивидуалниот развој, скоро кај секое дете ја подобривме грубата и фината моторика, како и аеробниот и анареобниот развој, мускулниот развој на горните и долните екстремитети, психофизичкиот развој, со што секое од нив откри свои нови потенцијали“ – порачуваат од Општина Аеродром и Здружението за иновации и подобар живот „Ареола“.

Во групниот развој, секое дете создаде нови пријатели, научи што значи тимска работа, научи дека заедно сме посилни, научи да игра тимски спортови, научи да ја дели радоста и тагата заедно со другите деца. На преубавите македонски песни танцуваа, пееја на микрофон, заеднички ја славеа Нова година и имаа ред други активности. Социо – емотивниот развој кај овие дечиња е дел од клучот за градење на подобра социјализација и вклопување во типичниот свет.

„Во знак на благодарност неизбежно е да ги спомнеме: ОУ „Александар Македонски“ од Скопје, тренерите, докторот, донаторите на овие дечиња на кои сакаме јавно да им се заблагодариме за: љубовта, емпатијата, упорноста, редовноста, знаењето и храброста која безрезервно ја вложија во текот на целата учебна година од што произлезе и приврзаноста кон овие дечиња кои ни возвратија на ист начин. Решивме да бидеме дел од нивните животи и многу успешно и гордо го направивме и ќе го правиме тоа. Горди сме на овој проект кој продолжува и следната година“ – велат од Здружението „Ареола“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

