Утешна награда: Микел Хансен стана најдобар стрелец во историјата на Европските првенства

Данска во драматичен меч загуби од Франција, но како утешна награда за Микел Хансен e податокот дека со своите девет гола на овој меч тој стигна до бројката од 296 на европските првенства и со тоа за еден погодок го мина големиот ривал Никола Карабатиќ.

Хансен влезе во финалето со осум гола заостанување зад Карабатиќ зад вечната листа на стрелци на ЕП, Данецот во денешниот меч за златото дури девет пати биеше прецизно (седум од нив од пенал), додека Французинот не постигна ниту еден гол упатувајќи само еден шут во големото финале. Данскиот „бомбардер“ со тоа си обезбеди место во ракометната историја, но Карабатиќ сигурно ќе биде посреќен по завршниот свиреж, бидејќи во својот последен меч на европските шампионати францускиот великан се закити со големата титула.

Исто така Хансен со деветте гола на овој меч стигна од бројката од 27 во финалните мечеви на Европските првенства со кои исто така е најдобар, а зад него и во оваа статистика е Никола Карабатиќ со 22 гола.

Се вчитува...