Играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд Џуд Белингем, е прогласен за играч на сезоната во Бундеслигата. Иако не успеа да ја освои титулата, сепак, Англичанецот освои најмногу гласови од другите конкуренти, и ова беше како утешна награда за играчот на „милионерите“ кој е пред заминување.
Белингем го имаше тој малер да се повреди пред последното коло во Бундеслигата, во кое на Борусија Д. му требаше победа за да ја освои титулата, но одигра само 2-2 против Мајнц, со што титулата одново замина во редовите на Баерн Минхен.
Веројатно ова беше последната сезона на англискиот играч, а од следната ќе биде дел од Реал Мадрид, во трансфер во кој ќе треба да чини околу 120 милиони евра, и да стане големо засилување за „кралевите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

