Манчестер сити ги разочара свои навивачи губејќи на домашен терен од Базел со 1-2, но тимот на Пеп Гвардиола во секој случај се пласираше во чеврт-финалето од Лигата на шампионите благодарение на убедливата победа од 0-4 на првиот меч во Швајцарија.
Убедливата предност му овозможи на Гвардиола да го изротира тимот, а така одмор добија Агуеро, Давид Силва, Де Бруин, Сане, Едерсон, Клајн, Отаменди… И со вториот тим Сити прв дојде до предност со погодокот на Габриел Хесус во 8. минута, но само девет минути подоцна Базел иззрамни преку Елјунуси, кој со силен удар од десетина метри го совлада Браво.
„Граѓаните“ имаа целосна контрола над поседот на топката, но Базел во една од ретките акции на нивната половина успеа да постигне и втор погодок и да стигне до победа, со голот на Ланг на асистенција на Елјунуси во 71. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА