Еден Азар утре ќе се појави на подготовките на Челси за новата сезона, а веднаш потоа и ќе седне на маса со Маурицио Сари и со клупската управа за да дискутира за својата иднина во лондонскиот клуб. Тој веќе стави до знаење дека сака да замине во Реал Мадрид, но челниците ќе сторат се за да го убедат белгискиот ас најмалку уште една сезона да остане на „Стемфорд бриџ“.
Веќе е подготвена и понуда од 300.000 фунти неделна платаш што би требало да го убеди Азар да се премисли, заедно со богат бонус од околу 10 милиони фунти при самиот потпис на новиот договор.
Извори блиски до фудбалерот тврдат дека Азар до неодамна размислувал да поднесе барање за трансфер, како последен чекор за обид да изнуди заминување. Останува да се види дали за време на годишниот одмор Белгиецот го променил својот став, или ќе се реши за ваков чекор со кој сигурно ќе го навлече и бесот на навивачите на Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА