Скопје и „Телеком Арена“ на 8.август ќе бидат домаќини на Суперкупот на Европа, натпреварот меѓу европскиот првак Реал Мадрид и освојувачот на трофејот во Лигата на Европа, Манчестер јунајтед. Доколку се уште не сте резервирале билети за овој меганастан, Ве потсетуваме дека тоа можете да го сторите најдоцна до утре, кога истекува рокот.
Секој љубител на фудбалот може да резервира најмногу по четири поединечни билети, а во продажба, преку официјалниот сајт на УЕФА (www.uefa.com) ќе бидат пуштени околу 23.000 влезници, наменети за публиката. Останатиот дел од билетите се за клубовите учесници на овој меч, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.
Билетите се по цена од 15 до 50 евра, во зависност од местоположбата на трибините, а доколку има повеќе резервации, кои ќе бидат од целиот свет, тогаш УЕФА со ждреб, по пат на лотарија, ќе одреди кои ќе бидат среќниците кои ќе добијат можност да купат билети и во живо во Скопје да ги следат екипите на Реал Мадрид и на Манчестер јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА