Утре почнува Ролан Гарос: Да се победи Надал на земја е ултимативниот предизвик во тенисот

Прашливи земјeни терени, луксузни глетки на Ајфеловата кула, суперелегантни парижани на трибините – нема дилеми дека сте на францускиот тениски гранслем, Ролан Гарос.

Вториот годинашен гранслем од тенискиот календар, единствениот на земјена површина, почнува утре. Шпанецот Рафаел Надал и натаму е човекот кој треба да биде победен во Париз, додека 23-кратната гранслем осовојувачка, Серена Вилијамс, е главната ѕвезда во женскот дел од турнирот.

Турнирот ќе мине без две од најголемите тениски ѕвезди на денешницата, Роџер Федерер, кој реши годинава како и лани да ја пропушти целата земејна сезона  и Енди Мареј кој се мачи со повреда.

Да се победи Надал на земја е ултимативниот предизвик во светот на тенисот – констатација со која пред некое време се согласија и Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј. Се разбира дека 31-годишниот Шпанец повторно е фаворит број еден во Париз. Со освојувањето на трофејот минатата година, Надал дојде до десеттиот пехар во Париз и стана првиот тенисер во историјата што успеал да освои десет титули на еден гранслем турнир во Опен ерата.

Неговите ривали уште повеќе треба да бидат загрижени бидејќи Надал на земја сезонава продложи онаму каде што запре минатата година. По 11-ти пат ги крена пехарите во Монте Карло и во Барселона и ја продолжи победничата серија на земја на 50 последовни успеси.

Серијата сепак прекина кога Надал загуби од Доминик Тим во Мадрид, тоа за Шпанецот беше прв пораз на земја откако Австриецот исто така го победи во Рим 12 месеци претходно.

Надал и се врати на вообичаената победничка практика на Мастерсот во Италија победувајки го храбриот Германец, Александер Зверев, во финалето со што и се врати на првото место на АТП листата.

Одбраната на титулата во Париз, Надал ја почнува со дуел во првото коло портив Александр Долгополов, Шпанецот категорично ги отфрла разговорите за фаворитскиот статус и за освојувањето на 11. титула велејки дека многу работи се поинакви оваа година.

 

Се вчитува...