Утринска „бомба“ од „Енфилд“: Салах официјално го продолжи договорот со Ливерпул!

Супер вест за навивачите на Ливерпул. Црвените од „Енфилд“ официјално објавија дека најдобриот фудбалер на тимот, Мохамед Салах потпиша нов договор кој ќе го задржи во клубот и по сезоната 2024-2025.

Напаѓачот, кој сезонава минува низ уште еден ѕвезден период со „црвените“, постигнувајќи досега 32 гола на само 45 настапи во сите натпреварувања – од кои 27 во Премиерлигата, што го прави водечки стрелец во дивизијата, а сето тоа дополнето и со 22 асистенции, официјално потпиша нов договор.

Салах ќе го продолжи осумгодишниот престој на „Енфилд“ и во иднина, истакнувајќи дека е возбуден за се што го очекува ново во Ливерпул.

„Секако дека сум многу возбуден. Сега имаме одличен тим. Претходно, исто така, имавме одличен тим. Но потпишав затоа што мислам дека имаме шанса да освоиме уште многу трофеи и да уживаме во фудбалот. Одлично е, ги имав моите најдобри години овде. Играв осум години, се надевам дека ќе бидат десет. Уживам и во животот тука, уживам во фудбалот. Тука се најубавите години од мојата кариера па секако дека ќе останам“ – истакна Салах притоа дополнувајќи:

„Би сакал да им кажам на фановите дека многу, многу сум среќен што сум овде. Потпишав овде затоа што верувам дека можеме да освоиме уште многу големи трофеи заедно. Продолжете да не поддржувате и ќе го дадеме најдоброто од себе, па се надевам дека во иднина ќе освојуваме повеќе трофеи“.

Се вчитува...