Британската полиција со официјален извештај денеска ги објави причините за страшната хеликоптерска несреќа на 27 октомври, во која животот го загубија пет лица, меѓу кои и претседателот на Лестер, Вичаи Шриваданаправа.
Причина за трагедијата е механизмот кој ги поврзувал педалите на пилотот со делот од роторот на опашката од хеликоптерот, што придонело да дојде до нагло навалување на леталото на десната страна, за на крајот хеликоптерот да се урне на паркингот во непосредна близина на стадионот.
Покрај тоа, наведено е дека во една компонента најдена на местото на несреќата е утврдено собирање на црна маст, а пореметувањето на овој систем придонело деловите од роторот во опашката да го менуваат своето движење, се додека не го достигнале физичкиот лимит, по што уследил трагичниот пад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА