Првиот човек на проектот „Супер-лига“ Бернд Рајхарт е уверен дека лесно ќе се најдат 64 клубови кои ќе ја прифатат идејата за формирање на новото меѓународно натпреварување и покрај тоа што најголемиот дел од европските гиганти веќе официјално ја одбија идејата и ја продолжија верноста кон натпреварувањата под капата на УЕФА и ФИФА.
Покрај премиерлигашите, бундеслигашите и калчолигашите, верноста кон УЕФА и ФИФА ја продолжија дури и дел од македонските и клубовите од соседството, но и покрај тоа првиот човек на „Супер-лигата“ верува дека проектот кој има за цел да го врати фудбалот како спорт број еден во Европа ќе заживее.
„Уверени сме дека лесно ќе најдеме 64 клубови. Сакаме да продолжиме со развивање на предлогот. Сега клубовите конечно можат отворено и без став од санкции да размислуваат на овој предлог. Тие можат да ни помогнат повторно да го направиме фудбалот во Европа број еден“, изјави Рајхарт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

